Здраво за финален пат!
Го завршив четвртиот и финален месец од мојата пракса. Овој месец беше посебен бидејќи претставуваше завршница на сè што го научив досега.
Главниот фокус овој месец беше на работа со Python DAG-ови (debugging) и ремоделирање на некои workflows за подобра функционалност. Успешно го финализирав Power BI репортот на кој работев.
Овие четири месеца беа многу корисни. Стекнав технички вештини, се запознав со професионалната работна средина и со начинот на кој функционира тимската работа. Искуството што го добив ќе ми биде од голема помош во иднина.
Благодарен сум за можноста да бидам дел од овој тим и за сè што го научив за време на праксата. Со голема радост можам да соопштам дека продолжувам да работам, но одсега како Ibornian! Искрено сум благодарен за оваа можност и за довербата што ми ја укажаа. Се радувам на новите предизвици, проекти и можности за понатамошен развој и учење.
Кристијан Панчевски
